ОПЕК: Нафтениот пазар да не се користи како средство за напад врз економиите на земјите – Слободен печат
ВестиЕкономија

ОПЕК: Нафтениот пазар да не се користи како средство за напад врз економиите на земјите

Го креваме гласот пазарот на нафта да не се користи како средство за напад врз економиите на суверените земји, рече Квеведо во обраќањето на 176-тиот редовен состанок на ОПЕК во Виена

Министерот за нафта на Венецуела Мануел Квеведо, кој моментално претседава со Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), остро го осуди американското ембарго наметнато против неговата земја.

– Го креваме гласот пазарот на нафта да не се користи како средство за напад врз економиите на суверените земји, рече Квеведо во обраќањето на 176-тиот редовен состанок на ОПЕК во Виена.

Тој додаде дека ОПЕК одлуките ги донесува имајќи ги предвид интересите на потрошувачите, инвеститорите и производителите на пазарот на нафта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close