ОПАСНО ИЛИ НЕ? Зошто ви поцрвенуваат очите од водата во базените?

базен
Илустрација / Фото Архива

Базените се одлични за луѓето да се рекреираат, но многумина велат дека по капење во базен, чувствуваат сувост на очите проследена со црвенило.

Според американскиот Центар за превенција од заболувања, причината за тоа е што базените не се истечни и во нив и покрај редовното одржување, се задржуваат честици нечистотија и траги од урина. Во комбинација со хлорот, ако оваа вода ги допре очите, доаѓа до црвенило.

Покрај иритација на очите, постои ризик и за сушење на кожата и затнување на носот. Треба да бидете претпазливи и да не голтате од оваа вода, а избегнувајте базени доколку имате незарасната рана каде и да е на телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот