ОПАСНИ ТЕТОВАЖИ: Симболи кои ги носат само оние најлошите

тетоважи

Тетоважите многу често се поврзуваат со криминал и лошо однесување и за жал, ова табу тешко се искоренува од колективната свесност.

За едни тетоважата е естетски додаток, за други има сентиментално значење, а се верува дека во светот на криминалците одредени симболи имаат и соодветно значење, дури и идентификациско.

Ова се најпопуларните тетоважи кои се етикетираат како опасни и наменети само за криминалци:

Солза

Солзата под десното око значи дека оној кој ја носи некогаш убил некого, а солза под левото е само помодарство.

Детелина

Детелина со три листа значи дека сте дел од криминална група од Ирска, а со четири е симбол на среќа.

Бодликава жица

Во светот на организираниот криминал ова значи дека тој што ја носи бил осуден и ја одлежал затворската казна. Наводно, секој чвор означува една година помината во затвор.

Прстен

Ако членот на криминалната група има тетовирани прстени, тоа значи дека додека отслужувал казна затвор бил моќен и авторитетен.

Пајакова мрежа

Наводно, ја носат криминалци кои биле во затвор. Колку посложена мрежа, толку потешко им било времето таму.

Три точки

Оваа тетоважа е типична за ситни криминалци, може да се каже дури и дека се извлекле од кривична одговорност.

Карти за играње

Се верува дека секоја карта од шпилот симболизира нешто криминално.

Кловн

Бразилските криминалци со тетоважа од кловн даваат до знаење дека имаат убиено полицаец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот