ОПАСНА АКЦИЈА ВО НОВ ЗЕЛАНД: Војската извлече шест жртви на вулканската ерупција

Фото: EPA-EFE/DAVID ROWLAND

Членови на војската на Нов Зеланд, опремени со заштитни маски и специјални одела, извлекоа шест тела од вулканскиот Бел остров каде претходно неделава се случи ерупција, а лекарите и натаму се борат за животите на тешко повредените лица, кои се здобија со изгореници.

Операцијата беше посебно ризична поради непосредната опасност од нова ерупција. Властите под притисок на семејствата на жртвите се согласија да ја изведат операцијата, иако опасноста од нова ерупција во следните 24 часа беше проценета на 50 до 60 отсто.

„Телата на жртвите се извлечени со хеликоптери, во кои имаше осуммина елитни припадници на новозеландската војска”, соопшти полицијата. Шест од осум тела се извлечени од островот и префрлени на морнарички патролен брод, со кој ќе бидат транспортирани на копно, каде ќе се изврши идентификација.

При ерупција на вулкан во понеделникот загинаа најмалку 16 лица, кои престојувале на туристичкиот Бел остров. Повеќето од 29-те преживеани се сè уште во болница, од кои 22 на Нов Зеланд и седум во Австралија.

Во моментот на ерупција на островот имало 47 туристи и водичи од Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот