Опаѓа популарноста на Болсонаро: Се подготвува ли промена на врвот во Бразил?

Лула, Болсонаро/ Фото Колаж на СП/ Фото ЕПА

Поранешниот левичарски претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва го задржува јасното водство за овогодинешните претседателски избори, каде што инфлацијата и проблемите со пандемијата најмногу ги загрижуваат гласачите, покажа анкетата објавена во средата, пишува Ројтерс.

Лула би добил 45 отсто од гласовите наспроти 23 отсто за екстремно десничарскиот претседател на земјата Жаир Болсонаро доколку изборите се одржат денеска, велат истражувањата на Banco Genial/Quaest Pesquisas.

Лула би победил во вториот круг од гласањето против Болсонаро со 54 отсто наспроти 30 отсто, се вели во анкетите. Двајцата мажи се очекува да се соочат на поларизираните избори во октомври, иако ниту еден од нив официјално не објави дека ќе се кандидира.

Анкетата на Quaest покажа дека поддршката за двајцата кандидати е намалена за 2 проценти во однос на претходното истражување во декември, како и за третопласираниот поранешен антикорупциски судија Серџо Моро, чија популарност падна за 9 отсто.

Како што се зголемуваат случаите на ковид-19 во Бразил со ширењето на омикрон, анкетата покажа дека 72 отсто од анкетираните Бразилци се за вакцинирање на децата, на што се спротивстави скептичниот Болсонаро, кој често јавно ги критикува вакцините.

Негативните рејтинзи на Болсонаро остануваат непроменети на 50 отсто од гласачите кои мислат дека неговата влада е лоша или ужасна, а во главно таквите размислувања ги имаат жените (55 отсто наспроти 45 отсто мажи).

И 73 отсто од анкетираните мислат дека Болсонаро направил лоша работа во борбата против инфлацијата, која достигна шестгодишен максимум од над 10 отсто во 2021 година, покажаа владините податоци во вторникот.

Pollster Quest анкетираше 2.000 гласачи во периодот од 6 до 9 јануари во нивните домови во 120 градови.

Жаир Болсонаро / Фото: Архива

Болсонаро ги осуди судиите на Врховниот суд дека заземаат страни

Болсонаро обвини двајца членови на Врховниот суд дека заземаат страна на овогодинешните избори и го фаворизираат лидерот на левичарите Лула, соопшти Ројтерс.

Болсонаро со месеци ги критикуваше судиите Луис Роберто Баросо и Александре де Мораеш поради пресудите против неговата политика и истрагите против него,  вклучително и онаа за ширење лажни вести околу пандемијата.

„Баросо и де Мораеш сакаат Лула да биде претседател. Во ред, можеби нема да сакаат да гласаат за мене, но дали сакаат да го вратат на функција човекот кој ја ограби нацијата пред осум години? –“, рече тој во телевизиско интервју.

Лула беше претседател на Бразил од 2003 до 2010 година. Тој помина година и пол во затвор поради обвиненијата за корупција кои беа поништени од Врховниот суд минатата година, дозволувајќи му да се кандидира повторно оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот