Опаѓа бројот на заразени лица во Кичево, 28 активни случаи со ковид-19

Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески
Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески
Според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа, забележани се три новозаразено лице и три лица оздравени од коронавирус во Кичево, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина моментално е 294 лица, од кои 28 се активни, 252 се излекувани и 14 лица се починати.

 

– Претходниве денови бележиме мал број на заболени од Ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на само 28. Во нашиот град од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 294 случаи на инфицирани од овој вирус, бројот на оздравени изнесува 252, додека бројот на починати е 14. Бидејќи и денеска нема никакви промени според податоците тројца новозаразени и тројца оздравени, што значи продолжува поволниот тренд, кој би сакале да продолжи и во наредниот период, со мал број на новозаболени и секако поголем број на оздравени случаи, вели д-р. Џабир Бајрами, директор на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот