Опаѓа бројот на пациенти кои се на интензивна нега во Франција

Епидемијата на коронавирусот предизвика 31 нови смртни случаи за 24 часа во француските болници, каде бројот на пациенти во интензивна нега продолжува да паѓа, се вели во извештајот објавен од страна на Генералната дирекција за здравство, јави дописникот на МИА.

Со ова вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 28 833, но бројките за смртни случаи во социјалните и медицинско-социјалните установи (домовите за стари лица) не се ажурирани од петок и тие треба да бидат објавени во вторник.

Вечерва на интензивна нега се наоѓаат 1.302 пациенти со тешка форма на Ковид-19, односно 17 помалку во споредба со извештајот од вчера. На болничко лекување се наоѓаат 14 288 лица (пред една недела беа 16 798-, односно само 89 нови приеми во последните 24 часа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот