Опадна продажбата во 19 – члениот монетарен блок

Во април нов рекорд на месечно ниво од 1999 година со пад од 11,7 отсто.

Прометот на малопродажбата во еврозоната бележи значителен пад во април, при што опадна куповната моќ речиси на сите производи, вклучително и храна и пијалоци, бидејќи ограничувањата за движење поради коронавирусот беа во сила во текот на целиот месец.

Продажбата во 19-члениот монетарен блок опадна за 11,7 проценти во април во однос на претходниот месец и за 19,6 проценти на годишно ниво, објави денеска агенцијата за статистика на Европската унија – Евростат.

Ова е најголемата стапка на опаѓање на месечно ниво во серијата статистички податоци на Евростат кои датираат од 1999 година и го надмина претходниот рекорд од март, кога продажбата на мало падна на 11,1 процент.

Исто така, ова е најлош индикатор на годишно ниво, бидејќи пред март таа стапка не била негативна уште од крајот на 2013 година.

Единствена позитивна работа е големиот скок на поштенските нарачки и набавките преку Интернет, кои во април, во однос на март, се зголемија за 10,9 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот