Ооо, Шанзелизе!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Ако српскиот претседател Вучиќ сè уште не се откажува од решението за Косово кое подразбира размена на територии, за што тогаш ќе разговараат тој и Макрон два дена во Белград. Аналитичарите велат за економија, за добрососедски односи за зголемување на влијанието на Франција на Балканот… Можеби, но за сите нас на Западен Балкан најважи се преговорите за иднината на Косово, затоа што решение што ќе значи промена или корекција на границите меѓу двете држави се заканува да стане правило и за другите националистички движења кои го сакаат истото. Но досега Европа во ликот на Макрон и Меркел беше против, додека САД во фигурата на Трамп беа-за!

Тогаш Макрон доаѓа како чиј гласник? Ако доаѓа со цел багаж на теми придружуван и со голем број бизнисмени само да го повтори ставот што Србија веќе го знае, не морал да се мачи. Но очигледно играта е поголема од она што на прв поглед дипломатите сакаат да го прикажат. Во историјата соработуваа, до вчера се караа, а денеска Дачиќ ќе му ја пее на Макрон „Шанзелизе“. Дали тоа значи дека европското- НЕ, полека, полека станува – ДА!

Ако е така, тогаш очигледно САД имаат замешано прсти бидејќи претседателот Трамп и неговата администрација немаат против „мало“ помрднување на границите ако тоа значи трајно решавање на проблемот.

Можеби одговорот лежи во изјавата на Додик (кој патем се залага за спојување на Србија и Република Српска), кој е отворен поддржувач на американскиот претседател Трамп за кого вели дека е реален и разумен политичар и кој ги повикува сите Срби да гласаат за него. Но чекај, нели Вучиќ е проруски ориентиран и е близок со Путин? Нели Србите се „под дифолт“ анти-американски расположени по бомбардирањето на НАТО? И нели Србија е за ЕУ ама не и за членство во Алијансата?!

Да, али није битно! Ако големите САД и Русија се договориле за поделба на сферите на влијание, тогаш Балканот навистина станал корзо и сите ќе ја зепееме „Ооо Шанзелизе!“ Да не биде само со плачење!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот