ООН: Во Мјанмар денес беа убиени 38 лица и тоа е „најсмртоносниот“ ден од пучот

Известувачот на ООН за Мјанмар, Кристин Шранер изјави дека денес во Мјанмар се убиени 38 лица и дека тоа е „најсмртоносниот“ ден од пучот во таа земја.

„Сега имаме повеќе од 50 мртви од почетокот на пучот и многу ранети“, рече таа на виртуелна прес конференција, пренесе Анадолу.

„Моето срце сочувство за загубата на луѓето кои мирно се залагаа за демократија и слобода. Моите мисли се со нив и нивните семејства. Како мајка и пријател на # Мјанмар, страдам со вас“, напиша  Шранер на Твитер вечерва.

Полицијата денес во неколку градови во Мјанмар повторно употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите.

ВИДЕО: Полицијата во Мјанмар досега уби 33 демонстранти, пламени јазици се шират низ улиците

Протестите траат од 1 февруари, кога армијата ја смени цивилната влада, воведе полициски час во неколку градови и забрани собири на повеќе од пет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот