ООН ги повика САД да го решат прашањето со масовно притворање на мигранти

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Високата комесарка на ООН за човекови права Мишел Башеле ги пофали „новите чекори” на САД во областа на миграциската политика. Таа ги поздрави напорите на Вашингтон да се справи со системскиот расизам и ги повика властите да го решат проблемот со масовното притворање на мигрантите.

Башеле на 46-та седница на Советот за човекови права на ООН претстави преглед на состојбата во областа на правата и слободите во светот.

– Со цел правилно справување со системската нееднаквост и неправда, социјалните и економските права мора да станат суштински во одговорот на политичките лидери, нагласи таа.

Башеле ги пофали мерките на САД во областа на миграциската политика, вклучително и ставање крај на разделувањето на семејствата на мигрантите и бегалците.

Таа повика на постојани напори за решавање на преостанатите прашања, како што се масовниот притвор на мигрантите и употребата на алтернативни методи.

Експертите за права и слободи при ООН издадоа заедничко соопштение во кое ја повикуваат американската влада „да стави крај на полициското насилство и да преземе активна улога во справување со системскиот расизам”.

– Во време на политички промени, Вашингтон мора да иницира големи реформи за да одговори на полициската бруталност и системскиот расизам, се вели во текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот