ООН е подготвена да помогне за мигрантската криза на полско-белоруската граница

Мигранти/ Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) изрази подготвеност да помогне во решавањето на хуманитарниот проблем долж полско-белоруската граница. Како што изјави денеска портпаролката на Канцеларијата, Шабија Манту, УНХЦР соработува „со сите органи вклучени во решавањето на ова прашање” и е подготвена да ги поддржи властите во проценката на ситуацијата.

УНХЦР изрази загриженост за ситуацијата на границата, каде илегалните мигранти се обидоа да ги пробијат оградите од бодликава жица за да влезат во Полска, но наидоа на отпор од полска страна.

Манту потсети дека уште во јули Канцеларијата објави соопштение во кое повика на решение за ова прашање. УНХЦР е исто така особено загрижен за состојбата на жените и децата.

– Постојано изјавуваме дека користењето на барателите на азил и мигрантите за политички цели е неприфатливо и мора да запре, рече таа, додавајќи дека Канцеларијата соработува со сите инволвирани органи за да се реши проблемот.

На прашањето за политичките мерки на ЕУ кон Минск, вклучително и санкции, Манту објасни дека загриженоста на УНХЦР е ограничена на „хуманитарната димензија” и дека мерките на политиката се надвор од опсегот на оваа структура на ОН.

Од хуманитарен аспект, подготвени сме да ги поддржиме властите, да имаат пристап до овие луѓе и можност да ја проценат ситуацијата во која се наоѓаат и да се увериме дека можат да добијат заштита, изјави портпаролката на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот