Онлајн предавање: „Локомотива“ открива „Други простори“

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“, во рамките на програмата „Современа култура и културни политики / Други простори“, организира серија предавања со дискусии поврзани со позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание, но и меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која дејствуваат.

Досега се одржаа предавањата „Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста“ на Катја Празник (Словенија/САД) и „Учесници во уметноста и нивната верност кон уметничкиот настан. За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју“ на Елеонора Монтањ (Италија/Франција), додека на 6 јули предавање ќе одржи Алвизе Фавото (Италија/Велика Британија) на тема „Анималност, грижа и одговорност – Спекулативна одговорност за животинската сродност“. Предавањата можат да се проследат на фејсбук-страницата на „Локомотива“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 38, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот