Онлајн настава: 5 начини да му помогнете на вашето дете полесно да ги извршува своите домашни задачи

Домашните задачи се корисни за вашите деца. Тие им помагаат да ги подобрат своите вештини за самодисциплина и да научат сами да ги решаваат проблемите.

Од друга страна, важно е вие, како родител, да создадете соодветни услови за работа на вашето дете, што ќе му овозможи максимално концентрирање на домашните задачи. Во продолжение, ќе откриеме 5 начини на кои можете да го направите тоа.

Не исклучувајте ја музиката

Можеби ви се чини дека омилената музика на вашето дете го одвлекува од домашните задачи, сепак, тоа не мора да биде правило. Сè зависи од тоа колку гласно е пуштена музиката и дали има зборови или само е инструментална верзија. Важно е вашето дете да не гледа на домашните задачи само како здодевна обврска, туку и како активност во текот на која може да ужива во нешто што го сака, на пример, во музиката.

Создадете соодветно работно место за детето

Изберете агол од вашиот дом што ќе биде резервиран за вашето дете и неговата домашна задача.

Може да биде во детска соба, трпезарија или дневна соба, но важно е однапред да му ги обезбедите сите потребни додатоци на детето, за да не го напушти ова место и со тоа да ја прекине работата на домашните задачи. Ставете чаша вода или сок на масата, за вашето дете да нема изговор да стане и да прави непотребни паузи.

Одредете го временскиот период кога извршува домашна задача

Ако, на пример, одлучите дека вашето дете ги извршува домашните задачи секој ден (кога ги има) во периодот од 19 до 20 часот, тоа за него ќе стане рутинска активност, која ќе ја изврши со помал отпор отколку во случај на малку пофлексибилен распоред.

Држете го мобилниот телефон подалеку од вашето дете

Некои родители им забрануваат на своите деца да користат мобилни телефони барем додека не влезат во пубертет, додека други им дозволуваат да го прават тоа уште од рана возраст.

Во која група родители и да припаѓате, би било добро да го чувате мобилниот телефон далеку од видот на вашето дете додека работи на домашната задача.

Прекршете го ова правило само ако му требаат соодветни апликации од неговиот телефон за да ја заврши домашната задача.

Помогнете му да ги реши тешките задачи

Не е грев да му се помогне на детето во домашните задачи, но обидете се да го натерате да ги реши самостојно, наместо да го правите тоа за него од почеток до крај, бидејќи целата поента на домашните задачи е детето да научи само да ги решава. Ако верувате дека вашето дете е способно да ја заврши домашната задача, но сепак бара ваша помош, дајте му малку време да се обиде да ја реши, пред веднаш да му укажете каде греши или да му помогнете во решавањето, пренесува „Bright Side“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот