Онлајн гостување: Велешкиот театар ќе настапи на „Сараевска зима“

Театарот „Јордан Х. К. Џинот“ од Велес, со претставата „Кралските копилиња“, на 15 март ќе настапи на 47-то издание на фестивалот „Сараевска зима“. Заради пандемијата, фестивалската програма во најголем дел ќе биде прикажана онлајн, односно претставите ќе се одржуваат на матичните сцени, а сараевската публика ќе ги проследи преку видеостриминг.

Претставата „Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето, која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја и зборува за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.

Автор на текстот, режисер и автор на аудио-визуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видеодизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и плакатот е Адам Мартинакис.

Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Маја Љутков, Фаик Мефаилоски и Марија Стефановска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 72, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот