Онлајн часови во 70 белградски училишта поради дојави за бомби

Онлајн настава
Онлајн настава / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ.

Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат по директен модел и дека нема извештаи за бомби надвор од Белград.

„Во Белград тие бројки се менуваат од час во час. Последните информации од синоќа во 22 часот покажуваат дека наставата денеска ќе се организира од далечина во 49 основни и 21 средно училиште во главниот град“, рече Пашиќ.

Тој додаде дека во сите училишта каде се вршени контрадиверзантски контроли било утврдено дека не биле поставени експлозивни направи, јави Бета.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот