„Once Upon A Time In Hollywood“ во македонските кина од 8 август

Фото Профимедиа

Новиот филм на Квентин Тарантино, „Once Upon A Time In Hollywood“ доаѓа во македонските кина на 8 август, две недели по светската премиера.

Ова е деветти филм на Тарантино, а прв чиј продуцент не е Харви Вајнстин.

Вчера беше објавен првиот краток трејлер, во кој ги видовме големите актерски имиња како Бред Пит, Леонардо Дикаприо и Марго Роби. Дејството се случува во Холивуд во 1969 година.

Првото прикажување на филмот најверојатно ќе се случи на Канскиот фестивал, на 21 мај. На 26 јули се очекува да започне дистрибуцијата низ сите кина во светот кои ќе бидат заинтересирани за прикажување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот