ОН: Во училиште не одат 258 милиони деца под 17 години

Таа истакна дека покрај тоа, во светот има 770 милиони неписмени луѓе и тие се претежно жени.

Заменичката на генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед, предупреди дека постои „алармантна криза во образованието”, информирајќи дека 258 милиони деца под 17-годишна возраст не одат во училиште и оти само 49 проценти од нив завршуваат средно образование.

Таа истакна дека покрај тоа, во светот има 770 милиони неписмени луѓе и тие се претежно жени.

Според неа, состојбата во образованието е „алармантна” не само затоа што милиони деца не одат во училиште, туку и поради големиот број на деца, млади и возрасни кои одат на училишта, но не добиваат образование.

Специјалниот претставник на ООН за образование, Гордон Браун, рече дека повеќе од 400 милиони деца го напуштаат училиштето на 11 или 12 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот