ОН: Во светот има рекордни 80 милиони раселени лица

Високиот комесар за бегалци на ОН, Филио Гранди изрази жалење што светот го достигна тој „мрачен граничник” и предупреди дека ситуацијата ќе се влоши доколку „светските власти не ги запрат војните”.

Кон средината на 2020 година, во екот на пандемијата на  коронавирусот, бројот на бегалци и раселени лица во светот надмина 80 милиони, што е најголем досега, соопштија Обединетите нации.

Високиот комесар за бегалци на ОН, Филио Гранди изрази жалење што светот го достигна тој „мрачен граничник” и предупреди дека ситуацијата ќе се влоши доколку „светските власти не ги запрат војните”.

-Меѓународната заедница не успева да го зачува мирот, рече Гранди, истакнувајќи дека во последните две децении е дојдено до двојно зголемување на присилните раселувања.

На почетокот на годината, 79,5 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови поради прогон, конфликт и кршење на човековите права, а тој број надмина 80 милиони во средината на 2020 година, се наведува во извештајот на Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР).

Бројот од 79,5 милиони вклучува 45,7 милиони раселени во нивните земји, 29,6 милиони бегалци и насилно раселени надвор од нивната земја и 4,2 милиони азиланти.

„Постојните и новите конфликти, како и новиот коронавирус имаат драматични последици по нивниот живот во 2020 година”, се наведува во соопштението на УНХЦР.

И покрај итниот повик на генералниот секретар на ООН во март за светско примирје за време на пандемијата, судирите и прогоните продолжија, соопштија од ОН.

Насилството во Сирија, Демократска Република Конго, Мозамбик, Сомалија и Јемен предизвика нови поместувања на населението во првата половина на оваа година. Нови раселувања се пријавени и во регионот Сахел, во централна Африка, каде што цивилите биле подложени на брутално насилство, силувања и егзекуции, соопшти УНХЦР.

Во извештајот се наведува дека некои мерки преземени за спречување на ширењето на Ковид-19 отежнувале бегалците да стигнат до безбедни места. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот