ОН: Создадени услови за влегување во сила на Договорот за вооружување

Обединети нации / Фото: Архива

Меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје го ратификуваа 50 членки на ОН, со што се создадоа услови да стапи на сила, соопшти светската организација.

Хондурас е последната земја што го ратификуваше договорот, кој ќе стапи на сила за 90 дена, на 22 јануари следната година.

Договорот е потпишан во септември 2017 година, а САД и другите светски нуклеарни сили се спротивставуваат на тоа.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги пофали напорите на 50 земји-членки и граѓанското општество да работат на договорот.

„Договорот е кулминација на глобалниот обид да се сврти вниманието кон катастрофалните последици од употребата на нуклеарно оружје”, се вели во соопштението на Генералното собрание на ОН.

Гутереш исто така рече дека договорот води кон целосна елиминација на нуклеарното оружје, што е еден од највисоките приоритети на ОН.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот