ОН: Состојбата со мигрантите на границата на Белорусија и Полска е ужасна

Мигранти / Фото: EPA-EFE/RAMIL NASIBULIN/BELTA

Белорусија и Полска со месеци ги префрлаат бегалците напред-назад преку своите граници без да им обезбедат соодветни количини на храна, чиста вода и засолништа, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на ОН, а од двете земји се бара „да се справат со оваа ужасна ситуација“.

Бегалците интервјуирани од тимот за човекови права на ОН за време на посетата на Полска меѓу 29 ноември и 3 декември тврдат дека биле изложени на насилство и закани во Белорусија и дека се гладни и без соодветна облека за зимските услови, потврди портпаролот на канцеларијата за човекови права на ОН, јавува Ројтерс.

– Испитаниците ги опишаа ужасните услови од двете страни на границата, со ограничен или никаков пристап до храна, чиста вода и засолниште од ниските зимски температури – рече претставничката на УНХЦР Елизабет Тросел.

Според неа, мнозинството потврдило дека додека биле во Белорусија биле тепани од тамошните безбедносни сили, барајќи им пари за храна и вода и принудувајќи ги да ја преминат границата.

Полска и Белорусија им забранија на претставници на ОН посета на нивната граница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот