ОН: Се преврте брод кај Либија, настрадале 24 мигранти
Брод кој превезувал мигранит за Европа се преврте во Средоземното море покрај либискиот брег кога најмалку 24 лица се удавиле или исчезнале, соопшти денеска агенцијата за миграции на ОН.
Портпаролката на Меѓународанта организација за миграции (ИОМ) Сафа Мшели рече за АП дека либиската крајбрежна стража пресретнала три бродови вчера и еден од нив се превртел.
Рече дека при обиколката стражата извлекла две тела, а преживеаните пријавиле дека уште 22 лица исчезнале и дека се верува дека настрадале.
–Најмалку 45 преживеани од трите брода се вратени назад на брегот. Сите мигранти биле мажи, а повеќе од нив се од Египет и Мароко, додаде таа.
„Оваа нова трагедија уште еднаш укажува на потребата за поголем капацитет за потрага и спасување во Медитеранот. Наместо тоа, ние гледаме рестрикции за невладините организации и други непотребни блокади“, додаде Мшели.
Овој бродолом е најнова несреќа со мигранти кои се обидуваат да дојдат до подобар живот во Европа.