ОН: Руски официјални лица најверојатно вмешани во труењето на Навални

Експерти за човекови права на Обединетите нации денеска изјавија дека претставници на руската Влада многу веројатно се вмешани во труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални минатата година и тврдат дека намерата била да се даде „злобно предупредување” за да се замолчат неистомислениците.

– Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледната шема на обиди за убиства, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности околу труењето на Навални, се наведува во заедничката изјава на експертите на ОН, Агнес Каламард и Ирене Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот