ОН: Расте бројот на фалсификувани медицински производи

Лавината на побарувачка на лекови и производи во борбата против пандемијата на коронавирус доведе до ширење на супстандардни и фалсификувани производи – медицински маски, наметки, опрема, дијагностички комплети, разни супстанции, па дури и хлорокин. Предупредувањето е содржано во студијата „Незаконска трговија со медицински помагала во контекст на Ковид-19 како закана по здравјето”, подготвена од Канцеларијата на ООН за лекови и криминал.

Во извештајот се утврдени недостатоци во правната рамка насочени кон спречување на производство и трговија со фалсификувани лекови. Групите за организиран криминал ја искористија несигурноста на луѓето во пандемијата и го компензираа недостигот на лекови со пуштање на пазарот супстандардни и фалсификувани производи. Ова претставува закана за здравјето бидејќи употребата на фалсификувани лекови и препарати може да доведе до неправилен третман и да придонесе за развој на отпорност на вирусот на лекови, предупредуваат експертите од Светската организација.

Од ОН укажуваат на фактот дека активностите на криминалните групи придонесуваат за ширење на вирусот. Експертите не исклучуваат дека криминалците ќе се насочат и кон нелегалната трговија со вакцини, кога тие ќе бидат развиени. Кибер-нападите против критично важната инфраструктура поврзана со борбата против пандемијата, исто така, продолжуваат во форма на лаги и манипулации преку Интернет насочени против здравствените власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот