ОН повикува на воздржаност по убиството на иранскиот научник Фахризадех

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереро повика на воздржаност по убиството на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризадех, познат како „таткото” на иранската тајна програма за нуклеарно оружје.

-Видовме извештаи дека ирански нуклеарен научник е убиен во близина на Техеран. Повикуваме на воздржаност и укажуваме на потребата да се избегнат какви било активности што може да резултираат со ескалација на тензиите во регионот, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, пренесоа американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот