ОН повикаа странските борци и платеници да се повлечат од Либија

Фото: ЕПА

 Советот за безбедност на Обединетите нации и генералниот секретар на ООН, Антониот Гутереш, повикаа илјадници странски борци и платеници веднаш да ја напуштат Либија.

Потребно е сите странски трупи и сите странски платеници да преминат прво во Бенгази и Триполи, а оттаму да се вратат и да ги остават Либијците сами затоа што тие веќе покажаа дека ако ги оставите сами, можат да ги решат своите проблеми, рече Гутереш.

Советот за безбедност на ОН расправаше за ситуацијата во Либија и издаде соопштение во кое се повикува на повлекување на сите странски борци и платеници без натамошно одложување, а сите домашни и меѓународни актери да го почитуваат ембаргото за оружје и договорот за прекин на огнот.

Вршителот на должноста амбасадор на САД во ОН Ричард Милс наведе и за кои земји станува збор.

– Ги повикуваме сите надворешни страни, вклучително и Русија, Турција и Обединетите Арапски Емирати, да го почитуваат суверенитетот на Либија и веднаш да ги прекинат сите воени интервенции во оваа земја, рече тој.

Од 2014 година, Либија е поделена меѓу меѓународно признаената влада за национално единство со седиште во Триполи и либиската национална армија на Калифа Хафтар на исток.

Конфликтните страни постигнаа договор за прекин на огнот во октомври, но не се повлекоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот