ОН побараа од Москва пристап до руските области погодени од војната во Украина
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации вчера побара од Русија да и дозволи пристап до руските региони погодени од војната, вклучително и Курск, кој од минатата недела е објект на ненадејна офанзива на Киев.
„Канцеларијата за човекови права на ОН испрати барање до руските власти да го олеснат пристапот на Канцеларијата до областите во Руската Федерација погодени од војната, вклучително и областите Белгород, Брјанск и Курск, како дел од нашиот мандат за набљудување и оценка на човековите права, изјави портпаролката на канцеларијата, Лиз Тросел.
Таа додаде дека барањето било испратено вчера.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации веќе испрати неколку барања за пристап до украинските територии под контрола на Русија и до руската територија.