ОН: Педесет и седум земји имаат свои граѓани во кампови со ужасни услови во Сирија

Фото: EPA-EFE/GAILAN HAJI

Педесет и седум земји имаат свои граѓани (жени и деца) кои живеат во камповите „Аб Ноб“ и „Роџ“ во Сирија во „нехумани услови”, изјави денеска експертката на ООН Фионуала ни Аолаин, повикувајќи ги земјите веднаш да ги репатрираат своите граѓани.

– Камповите засолнуваат над 64.000 луѓе, претежно жени и деца. Голем дел од нив се многу ранливи. Многумина се соочуваат со голем број на проблеми во однос на човековите права, поради што државите мора да дејствуваат брзо, изјави таа преку видео врска пред новинарите во Женева.

Ни Аолаин, специјален известувач за промоција и заштита на човековите права во борбата против тероризмот, рече дека нејзиниот повик е поддржан од десетина други независни експерти на ОН кои не зборуваат за ОН, но споделуваат сознанија со Светската организација.

Таа рече дека своите барања ги доставила во детални писма до секоја засегната земја, вклучително и Австралија, Бангладеш, Белгија, Велика Британија, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Пакистан, Русија, Швајцарија, Турција и САД.

– Овие 57 земји за првпат се наведени заедно. Ова не е клуб во кој сакате да припаѓате, рече Ни Аолеин.

Користејќи податоци од јуни во 2020 година, таа рече дека во кампот „Ал-Хол“ има околу 64.000 луѓе од кои повеќе од 80 проценти се жени и деца. Околу 48 проценти од оние во кампот се Ирачани, 37 проценти се Сиријци и 15 проценти се државјани на трети земји.

Странците се семејства на џихадисти од терористичката Исламска држава (ИД) кои ги зазедоа Ирак и Сирија во 2014 година. Ирачките и сириските жители во кампот во голема мерка ги избегаа од натамошните борби меѓу ИД и курдските сили.

Ирската експертка рече дека споредбите со заливот Гвантанамо, американскиот терористички логор за притвор во Куба, се соодветни.

– Ова не е камп за бегалци. Ова е камп во кој луѓето се притворени без судење, без избор и во нехумани услови, рече таа за камповите кои се под управа на курдските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот