ОН: Пад на директните странски инвестиции во светот до 40 отсто, опоравување во 2022 година

Директните странски вложувања ќе паднат од минатогодишните 1.540 милијарди долари на ниво под 1.000 милијарди, за прв пат од 2005 година.

Директните странски инвестиции во 2020 година ќе се намалат на глобално ниво за дури 40 отсто поради пандемијата од корона вирусот, а најголем удар ќе претрпат земјите во развој, проценуваат Обединетите нации во нивниот извештај.

Директните странски вложувања ќе паднат од минатогодишните 1.540 милијарди долари на ниво под 1.000 милијарди, за прв пат од 2005 година, се вели во проценката на Конференцијата на ОН за економија и развој.

Во 2021 година инвестициите ќе се намалат за дополнителни 10 проценти, а опоравување се очекува дури во 2022 година, се вели во извештајот на УНКТАД објавен вчера.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот