ОН отвора истрага на Филипините поради војната против дрогата

Советот за човекови права при Обединети нации денеска одлучи да покрене прелиминарна истрага поради стотиците убиства на Филипини во така наречената војна против дрогата.

Резолуцијата предложена од Исланд ја поддржаа 18 земји, против се изјаснија 14, вклучително и Кина, а воздржани беа 15 држави, меѓу кои и Јапонија.

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл” (АИ) упати апел до ОН да покрене истрага за убиствата на илјадниците Филипиници, што контроверзниот претседател на Филипини, Родриго Дутерте ги оправдува со војната против шверцерите на дрога.

– Станува збор за систематско убивање, што се спроведува неказнето – оценува АИ во најновиот извештај под наслов „Тие само убиваат” и предупреди дека егзекуциите, што траат три години, откако Дутерте во 2016 година стана претседател, се спроведуваат надвор од правосудниот систем.

Прочитајте и...  Армијата ќе учествува на мировна операција во Либан

Според официјалната статистика од 1 јули 2016 до 31 мај 2019 година во полициските операции убиени се најмалку 6.600 луѓе под сомнение дека се поврзани со дрога.

Филипинската Влада во повеќепати демантираше дека полицијата ги убива корисниците и шверцерите на дрога, при тоа советувајќи ги семејствата на жртвите ако се сомневаат да покренат правни постапки против полицијата.

Прочитај повеќе

Цивил ја повика Владата да донесе целосна забрана за работа во Штип и секаде каде што тоа е потребно

Слободен печат

Русија потврди дека на Сирија и испорачала втора серија авиони „МиГ -29″

Слободен печат

Притворен поранешниот претседател на Еквадор, Абдала Букарам

Слободен печат

Мицкоски: Дефокусирајќи ја јавноста, власта се занимава со тоа дали сум ручал внатре или надвор во ресторан

Слободен печат

Австрија укинува гранични контроли кон сите соседи, освен Италија

Слободен печат

Од вечер повторно полициски час, задоцнета активност за казнување за непочитување на мерките за заштита

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Следната недела ќе биде објавена преговарачката рамка, наесен старт на преговорите

Слободен печат

Преку девет банки ќе се издава домашната платежна картичка, за неа не се аплицира

Слободен печат

Протестите во САД стануваат се побројни, се уриваат статуи на расистички политичари и генерали

Слободен печат

Сончево време, попладне изолирана појава на дожд и грмежи

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Шпанија ги отвора границите за туристите од безбедните земји

Слободен печат