ОН: Огромно губење на биодиверзитетот во светот

 Светот во голема мера не успеа да го заштити биодиверзитетот, природата страда сè повеќе и ситуацијата се влошува, се вели во најголемиот извештај на ООН, пренесува германската агенција ДПА.

Глобалниот извештај за биодиверзитет на ОН заклучува дека ниту една од дваесетте цели за биодиверзитет, договорени пред десет години со крајниот рок до 2020 година, не е целосно остварена.

Само шест цели – во врска со заштитата на екосистемите и унапредувањето на одржливоста – се „делумно постигнати”.

Особено се загрозени кревките екосистеми, како што се корални гребени и тропски шуми, а на коралите се повеќе им се заканува истребување, велат научниците.

Прекумерен риболов, преголема експлоатација, климатски промени, загадување и инвазивни видови се некои од причините за губење на биолошката разновидност и деградација на екосистемот.

Прочитајте и...  Светска банка: 12 милијарди долари за вакцини за сиромашните држави

Но, според извештајот, има и светли точки, вклучително и намалување на стапката на уништување на шумите, зголемена свесност за биодиверзитетот и неговото зачувување, како и поголем удел на копно и океаните на планетата кои се ставени под заштита.

– Многу добри работи се случуваат низ целиот свет и тие треба да се слават и охрабруваат, рече Елизабет Марума Мрема, извршен секретар на Конвенцијата за биолошка разновидност, која го објави извештајот.

– Сепак, стапката на загуба на биолошката разновидност е без преседан во историјата на човештвото, додека притисоците се зголемуваат. Живите системи на Земјата како целина се загрозени, вели таа.

Мрема додаде дека континуираната деградација на природата ги зголемува шансите за ширење на болести како новиот коронавирус на луѓето.

Прочитајте и...  Донација за ЈЗУ Здравствен дом Струмица: Заштитни маски и скафандери во вредност од 5.000 евра

Извештајот повикува на осум итни измени за запирање на пропаѓањето на природата, вклучително и обновување на екосистемот, редизајн на земјоделството и намалена потрошувачка на месо и риба.

Прочитај повеќе

Адеми на став: Наставата треба да биде со физичко присуство

Слободен печат

Бајден: Ако Трамп загуби и одбие да се повлече, ќе има реакција од Американците

Слободен печат

Ковид биланс во светот денеска: Рекорден дневен број на заразени во Словенија, карантинот останува во Украина

Слободен печат

Вознемиреност во Градот на светлината: Француски борбен авион предизвика силна детонација при прелет над Париз

Слободен печат

Чавушоглу со предлог до Русија: Сирискиот модел како решение за Нагорно-Карабах

Слободен печат

Франција одлучи: Поранешен лидер на ЕТА ќе биде екстрадиран во Шпанија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ивица Коневски: Мицкоски е единствениот одговорен за поразите на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Царовска: Ова е огромна лекција зошто треба да се инвестира во образованието

Слободен печат

Реакција на „Средношколски Глас“ за пропаднатата национална платформа за онлајн учење: Ќе сноси ли некој одговорност за стресот што го трпат учениците, родителите и професорите?

Слободен печат

Избран наследникот на Игор Јанушев: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Лавров со повик до Азербејџанците и Ерменците: Престанете со борбите и седнете на маса да преговарате

Слободен печат

Несекојдневен момент во Париз: Продавала стан во наследство, нашла пола милион евра во визбата

Слободен печат