ОН наложи БиХ да исплати оштета на жена силувана во војната

Обединетите нации наложија Босна и Херцеговина да исплати обесштетување на жена силувана во војната и да воспостави систем за плаќање обесштетување на жртвите од воени злосторства, одлучи Комитетот против тортура на ОН, по тужбата од силуваната жена која не добила паричен надоместок, и покрај пресудата на судот на БиХ.

Жената, чиј идентитет не е познат, била силувана во 1993 година во близина на Сараево. Силувачот е осуден, но не платил 15.000 евра отштета, бидејќи ги немал тие средства.

Одлуката на Комитетот е донесена на почетокот на август, но сè уште не е објавена. Според неа, државата мора да ја плати сумата и да воспостави правила за да можат и другите жртви во слични случаи да добијат надомест од државата.

Жртвата ја поднела жалбата со помош на невладина организација која им помага на жртвите на сексуално насилство.

Според проценките на ОН, најмалку 20.000 жени се силувани во војната во Босна и Херцеговина.

Медиумите пренесуваат дека станува збор за одлука без преседан, со која би се дозволило на сите жртви на сексуално насилство да бараат надомест на глобално ниво според меѓународниот закон за тортура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот