ОН: Најмалку 60 загинати во напад во судански регион Дарфур

Фото: EPA

Владините сили и сојузничката арапска милиција беа брутални против локалното население и оттогаш во напади и пресметки загинаа околу 30.000 лица, потсетува ДПА.

Над 60 лица се пријавени за загинати, а уште 60 се повредени во вооружениот напад во суданскиот регион Дарфур, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи (ОХА), јави ДПА.

Според ова тело, нападот се случи во саботата во селото Мастери, во близина на границата со Чад, и на околу 48 километри јужно од главниот град на Западен Дарфур, Ел Женеина.

„ Во Западен Дарфур и натаму има големи тензии, следејќи го брзото зголемување на бројот и зачестеноста на безбедносните инциденти во последните неколку недели”, соопшти ОХА на Твитер.

Канцеларијата на ОН во својот извештај за состојбата наведува дека нападот бил „еден од најновите сериозни безбедносни инциденти пријавени во текот на минатата недела, во кои има неколку изгорени села и куќи, ограбени маркети и продавници, како и оштетена инфраструктура”.

На 20 јули владата на Западен Дарфур воведе карантин во Ел Женеина и блискиот регион Беида, што ќе важи се до следното известување, се наведува во извештајот на канцеларијата на ОН ОН за координација на хуманитарните работи (ОХА) .

Во 2003 година, избувна конфликт во западниот регион Дарфур меѓу владата на тогашниот претседател Омар ал-Башир и дел од населението, кое бараше поголемо учество во политичкото одлучување.

Владините сили и сојузничката арапска милиција беа брутални против локалното население и оттогаш во напади и пресметки загинаа околу 30.000 лица, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот