ОН: Над 2.000 луѓе побегнаа, но голем број се блокирани во Триполи

Најмалку 2.200 луѓе побегнаа од борбите што се водат во јужниот дел на главниот град на Либија, Триполи од 4 април, соопшти хуманитарната канцеларија на Обединети Нации.

Во извештајот, објавен денеска, се наведува дека голем број цивили и понатаму се заробени и отсечени и не можат да добијат помош.

– Се поголемото распоредување на трупи би можело да резултира со значително раселување на населението, се посочува во извештајот.

Исто така се посочува дека агенциите на терен имаат итни медицински резерви за три месеци за третман на 210.000 луѓе и 900 повредени.

САД побараа итен прекин на воените акции во Либија во исто време кога Либискара национална армија (ЛНА) предводена од генералот Калиф Хафтар напредува кон Триполи.

Прочитајте и...  Лекарите во Вухан ќе бидат сместени на крузери

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е „длабоко загрижен поради борбите што се одвиваат во близина на Триполи” и апелираше на разговори со цел ставање крај на судирите.

– САД се против воената офанзива на силите на Калиф Хафтар и бараат моментален прекин на воените операции кон либиската престолнина, истакна Помпео.

Либиското Министерство за здравство соопшти дека 30 луѓе загинале, а 50 се повредени во судирите во јужниот дел на Триполи, но не е прецизирано дали се цивили или борци.

Обединети нации синоќа побараа завојуваните страни да прогласат двочасовен прекин на огнот со цел да се евакуираат жртвите и цивилите, но и покрај тоа продоли судирот.

Либија е транзитна точка на стотина илјади мигранти кои ја преминуваат Сахара со цел да стигнат до Средоземно Море и Европа.

Прочитајте и...  Традиционален планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Прочитај повеќе

О2 Иницијатива: Зошто нема пријави за загадувачите, како што има за активистите?

Слободен печат

Мицковски негира дека италијанскитен власти реагирале за спречување на акцијата за кокаин

Дојче веле: Молк за астрономските долгови на Америка, ниту Трамп ниту демократските предизвици не трошат многу зборови

Слободен печат

Египетски суд ослободи двајца синови на поранешниот претседател Хосни Мубарак

Слободен печат

Илјадници луѓе во Ханау протестираа против расизмот и радикалната десница

Слободен печат

Мета со порака за протестот на втори март: Сакаме Албанија како цела Европа

Слободен печат

Остави Коментар

13 + Шестнаесет =

Прочитај повеќе

Системот Панцир С1 стигна во Србија

Слободен печат

Девојка од Ниш се обидела да се спушти од прозор со чаршав, сега е тешко повредена

Слободен печат

Ердоган: Турција ќе дејствува поодлучно во Сирија

Слободен печат

Албанија повторно на „сивата листа” за перење пари, министерката за правда бара повисоки казни

Слободен печат

Протест на жителите на Суводол поради блискиот рудник, од рудникот велат работат според прописите

Мета: Целта на владата на Рама е враќање на диктатурата

Слободен печат