ОН: Над 155 милиони луѓе лани се соочиле со акутен глад

Во извештајот, што се фокусира на 55 земји, на кои отпаѓаат 97 отсто од хуманитарната помош, се вели дека обемот и сериозноста на прехранбената криза минатата година се влошиле како резултат на долготрајните конфликти, економските последици од пандемијата со Ковид-19 и екстремните временски услови Услови.

Најмалку 155 милиони луѓе во светот се соочиле со акутен глад во 2020 година, а на 133.000 итно им е потребна храна за да се избегне глад. Изгледите за 2021 година се исто толку мрачни или уште полоши. Ова се наведува во извештајот на 16 организации.

Во извештајот, што се фокусира на 55 земји, на кои отпаѓаат 97 отсто од хуманитарната помош, се вели дека обемот и сериозноста на прехранбената криза минатата година се влошиле како резултат на долготрајните конфликти, економските последици од пандемијата со Ковид-19 и екстремните временски услови Услови.

Две третини од луѓето во овие нивоа на криза беа во 10 земји – Конго, Јемен, Авганистан, Сирија, Судан, северна Нигерија, Етиопија, Јужен Судан, Зимбабве и Хаити.

75,2 милиони деца под 5-годишна возраст кои живеат во 55 земји се со забавен раст а 15,8 милиони се со недоволна тежина за нивната висина.

„Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутна несигурност за снабдување со храна и бараат итна помош од храна, продукти и средства за живот, се зголемува”, напиша генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш во Глобалниот извештај за кризи со храна.

„Нема место за глад и гладување во 21 век”, рече тој. „Треба истовремено да се справиме со гладот и конфликтот за да бидат решени и двете.”

Извештајот прави проценки засновани врз податоци од 40 од 55 земји, велејќи дека оние за другите 15 земји не се достапни. Според извештајот на 307 страници, повеќе од 142 милиони луѓе во овие 40 земји се очекува да се соочат со кризи со храна, итни случаи или катастрофи оваа година. Околу 155.000 луѓе најверојатно ќе се соочат со катастрофа до средината на 2021 година – околу 108.000 во Јужен Судан и 47.000 во Јемен, се вели во извештајот. Обезбедувањето на еден оброк дневно за 34 милиони луѓе годишно ќе чини околу пет милијарди долари, а финансирањето и хуманитарниот пристап се најкритични потреби.

Видео на денот