ОН: Минатата година биле изгубени четири пати повеќе работни места отколку во светската финансиска криза во 2009 година

epa08829045 Man wearing protective mask,walks in front of a COVID-19 center at the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 19 November 2020. Due to the high number of COVID-19 cases the authorities in the country are considering new measures to restrain the disease. North Macedonia is one of the worst in Europe in deaths per capita, having 1397 people who died, with population of two millions, until 18 November 2020 with the symptoms of COVID-19 since the start of the pandemic. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Обединетите нации во својот последен извештај наведуваат дека поради пандемијата на коронавирусот минатата година во светот биле изгубени четири пати повеќе работни места отколку во најлошиот дел од светската финансиска криза во 2009 година.

Меѓународната организација на трудот (ИЛО), агенција на ОН, процени дека ограничувањата наметнати врз деловниот и јавниот живот минатата година уништиле 8,8 проценти од сите работни часови ширум светот.

Тоа е еквивалент на 255 милиони работни места со полно работно време, што, пак, е четири пати повеќе отколку за време на финансиската криза од пред 12 години, пренесе агенцијата  Анадолија.

-Ова е најлошата криза на работните места од Големата депресија во 1930-те. Нејзиното влијание е далеку поголемо од влијанието на глобалната финансиска криза во 2009 година, вели извршниот директор на ИЛО, Гај Рајдер, додавајќи дека падот е подеднакво распределен меѓу намаленото работно време и загубите на работното место.

Агенцијата на ОН наведува дека повеќето луѓе кои останале без работа престанале да бараат работа, веројатно поради ограничувањата за фирмите што вработуваат голем број работници, како што се рестораните, баровите, продавниците, хотелите и другите услуги што зависат од директната интеракција со клиентите.

Падот на работата доведе до загуба од 3,700 милијарди долари глобален приход, што Рајдер го оцени како „извонредна бројка”.

ИЛО во извештајот наведува дека очекува враќање на работа во втората половина од оваа година, но сето тоа ќе зависи од сузбивањето на пандемијата и вакцинирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот