ОН: Кризата со глад во Африка погоди 18 милиони лица

Африка, глад, храна
Жени со леб во Африка / Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Обединетите нации денеска предупредија дека 18 милиони луѓе во регионот Сахел во Африка во следните три месеци ќе бидат погодени од силна глад, пред сѐ, поради војната во Украина, пандемијата на коронавирусот, климатските шокови и зголемените цени.

Кризата со глад може да доведе до зголемена миграција на луѓето од погодените области, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Тешката глад на регионот Сахел од 2014 година им се заканува на повеќето луѓе, а особено се загрозени четири земји: Буркина Фасо, Чад, Мали и Нигер, каде што речиси 1,7 милиона лица се соочуваат со алармантни нивоа на несигурност со храната, наведе ОН.

„Делови од регионот Сахел, голема површина што се протега низ субсахарска Африка, имаа најслабо земјоделско производство во последните повеќе од една деценија, а недостигот на храна може да се влоши до крајот на летото“, изјави портпаролот на Светската програма за храна Томсон Феар.

Директорот на OCHA, Мартин Грифитс, кажа дека „комбинацијата на насилство, несигурност, длабока сиромаштија и рекордно високи цени на храната поттикнуваат глад и носи милиони луѓе на работ на преживување”.

Канцеларијата на ОН предводена од Грифитс донира 30 милиони американски долари од својот фонд за итни случаи на Буркина Фасо, Мали, Чад и Нигер.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот