ОН ќе го разгледа договорот за регулирање на конфликтот во Либија

Вчера во Берлин се одржа меѓународна мировна конференција за регулирање на конфликтот во Либија.

Советот на безбедност на ОН неделава ќе свика седница за разгледување на резултатите од конференцијата за регулирање на конфликтот во Либија што вчера се одржа во Берлин, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Како што денеска јавија некои медиуми, официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Стефан Дјужарик изјави дека во наредните денови генералниот секретар Антонио Гутереш ќе настапи во советот со резултатите од конференцијата.

– Очекуваме дека генералниот секретер утре или задутре ќе го информира Советот за безбедност по барање на неговите членови, изјави Дјужарик.

На 19 јануари во Берлин се одржа меѓународна мировна конференција за регулирање на конфликтот во Либија.

На конференцијата беше донесено коминике потпишано од сите земји учеснички во кое се ставени основните работи договорени за регулирање на конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот