ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

– Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел доби награда за нејзината улога во начинот на кој нејзината земја прифати над 1,2 милиони бегалци и луѓе кои бараат азил во 2015 и 2016 година. За ова денеска во Женева информираше агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, јави ДПА.

„Д-р Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите го преземаат вистинскиот курс на дејствување и работат за да најдат решенија за светските предизвици, наместо само да ја префрлат обврската на други”, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Наградата за бегалци Нансен, што УНХЦР ја доделува секоја година, е во вредност од 150.000 долари. Таа го носи името на Фридјоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1922 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот