ОН и СЗО загрижени поради здравствените извештаи во БиХ

epa08538993 A Bosnian woman wearing a protective face mask walks on a street, amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, 10 July 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Разбирливо, земјите од целиот свет, вклучително и БиХ, сакаат да ги отворат своите економии и да избегнат повторно воведување мерки, како што се полициски час или затворање на деловни активности.

Резидентната координаторка на Обединетите нации во Босна и Херцеговина др. Ингрид Мекдоналд и шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација во БиХ, др. Виктор Олсавски преку заедничката изјава изразија загриженост поради зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19 во таа земја и ја истакнаа неопходноста од следење на контактите на заразените, со цел борба против епидемијата и отворање на економијата.

„Обединетите нации и Светската здравствена организација во Босна и Херцеговина се загрижени по извештаите од здравствените установи во БиХ за достигнување на границите на капацитетите со најновото нагло зголемување на случаите со Ковид-19. Иако одржувањето на залихите опрема и приватни капацитети на здравствените установи останува неопходно, потребно е да се зајакне мониторингот на контакти, надзор на случаи и зајакнување на специјализирани човечки ресурси, особено лекари и медицински сестри и техничари. Не можеме да ги оставиме сами да се борат со оваа криза”, се вели во соопштението.

Тие велат дека напорите на БиХ на почетокот на пандемијата биле исклучително ефикасни.

„Здравствените работници, оние на првите линии на одбрана против пандемијата, властите и граѓаните на БиХ успешно ги ублажија најлошите ефекти на пандемијата Ковид-19. Благодарејќи на стрктните мерки и дисциплината на граѓаните, БиХ во почетокот успеваше да одржи релативно ниско ниво на зараза и стапка на смртност во споредба со многу други европски земји. Тие напори обезбедија доволно време да се подготват здравствени системи со потребната медицинска и лична заштитна опрема. Со дарежлива поддршка на многу меѓународни донатори, и во солидарност со здравствените власти и работниците, Обединетите нации преку својата Програма за развој (УНДП) и експертизата на Светската здравствена организација испорачаа над два милиони парчиња лична заштитна опрема. Во моментов се работи на испорака на уште два милиони. Исто така, доставени се над 40.000 тестови и близу 15.000 одела за заштита, заедно со машини за обработка на тестови, вентилатори, ЕКГ и рентген машини”, се вели во заедничката изјава.

Разбирливо, земјите од целиот свет, вклучително и БиХ, сакаат да ги отворат своите економии и да избегнат повторно воведување мерки, како што се полициски час или затворање на деловни активности.

„Најефективниот начин како што видовме дека властите ширум светот успеваат да ги отворат своите општества е да обезбедат пониска стапка на инфекција, добро управување со бројот на случаи и постојана, јасна и комуникација со јавноста, заснована на факти. И покрај ескалацијата на нови случаи и притисок врз здравствените системи, БиХ сè уште може да постигне баланс помеѓу заштитата на јавното здравје и обезбедувањето економско закрепнување, вклучително и продолжување на туризмот и другите активности важни за развојот “, оценуваат од ОН и СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот