ОН го поздрави договорот меѓу Израел и ОАЕ, Иран го оквалификува како срамен

Иранските верски водачи сè уште не се изјаснија за договорот..

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го поздрави договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, додека Иран го оквалификува како „срамен”.

Гутереш поздравува „секоја иницијатива што може да придонесе за унапредување на мирот и безбедноста на Блискиот исток”, изјави портпаролот на ООН откако Израел и Обединетите Арапски Емирати објавија дека постигнале договор.

Историскиот договор ќе овозможи целосна нормализација на дипломатските односи меѓу двете земји, а тој беше постигнат со посредство на Соединетите американски држави и претседателот Доналд Трамп.

Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Револуционерната гарда, оцени дека договорот меѓу Израел и ОАЕ за нормализација на односите е „срамен”:

Иранските верски водачи сè уште не се изјаснија за договорот..

Палестинското исламистичко движење Хамас, кое управува со Појасот Газа, оцени дека нормализацијата на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати „не помага на палестинската борба” и дека тоа е „бланко чек” за продолжување на израелската „окупација”.

– Го отфрламе и осудуваме договорот. Тој не помага на палестинската борба и ние го сметаме за продолжение на негирањето на правата на палестинскиот народ, рече портпаролот на Хамас, Хазем Касим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот