ОН ги повика Талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата: Состојбата излегува од контрола

Талибанци во Авганистан. / Фото: EPA/SAOOD REHMAN

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика Талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата во Авганистан и предупреди дека „Авганистан излегува од контрола“.

„Време е да се запре офанзивата. Ова е момент за започнување сериозни преговори. Ова е време да се избегне продолжена граѓанска војна или изолација на Авганистан “, изјави Гутереш

Талибанските милитанти до петокот зазедоа три големи авганистански градови и голем број провинциски главни градови, забележувајќи големи воени успеси во последните недели на теренот, а исто така го стегаат т обрачот околу Кабул, чија судбина сега е неизвесна.

Гутереш ги повика сите страни да направат повеќе за заштита на цивилите.

Тој, исто така, изјави дека е „длабоко вознемирен од првите индикации дека талибанците воведуваат строги ограничувања за човековите права во областите под нивна контрола, особено врз правата на жените и новинарите“.

„Особено застрашувачки се потресните извештаи за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојки и жени“, рече тој.

За време на владеењето на талибанците помеѓу 1996 и 2001 година, жените не можеа да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште. Жените мораа да го покријат лицето и да бидат придружувани од роднина од машки пол, доколку сакаат да ја напуштат куќата.

Обединетите нации ја набљудуваат и оценуваат безбедносната состојба во Авганистан „час по час“ и преместуваат дел од персоналот во Кабул, но не евакуираат никого од земјата, изјави портпаролот на ОН

Светската организација  има околу 3.000 локални вработени и околу 300 меѓународни лица на терен во Авганистан.

САД испраќаат околу 3.000 дополнителни војници за да помогнат во евакуацијата на персоналот на американската амбасада, а Велика Британија распоредува околу 600 војници за евакуација на своите граѓани.

Повеќето од 3.000 американски војници треба да пристигнат до крајот на викендот, соопшти Пентагон.

Другите амбасади, вклучително и оние на Холандија, Германија и Норвешка и хуманитарните групи најавија дека и ги повлекуваат своите луѓе.

Од почетокот на годината, речиси 400.000 луѓе се раселени поради конфликти низ Авганистан, а 11.илјади внатрешно раселени лица дошле во Кабул помеѓу 1 јули и 12 август. соопштија Обединетите нации.

Талибанците се на 50 километри од главниот град, европските земји ги затвораат амбасадите во Кабул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот