ОН: Македонија до 2050 година ќе спадне на 1,5 милиони жители

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители, до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители.

Според процените на ОН, населението во Република Северна Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.

Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.

Процентуално гледано, најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.

ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку.

Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто, односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот