Омилените дела на кралското семејство: Што чита сината крв?

Instagram

Многумина времето во изолација го поминуваат читајќи книги. Од ова хоби не отстапува ниту кралското семејство. Камила, војвотката од Корнвел, на друштвените мрежи ја откри листата на книги кои ги чита овие денови. Цитирајќи го Ернест Хемингвеј: „Нема поверен пријател од книгата“, на друштвената мрежа Инстаграм, Камила додаде: „Во овие тешки времиња, кога сме изолирани од оние кои ги сакаме, многумина од нас пронаоѓаат утеха во книгите, нашата имагинација се развива и не води на незаборавни патувања“.

Покрај изборот на Камила еве и некои книги кои ги читаат останатите членови на британското кралско семејство.

Војвотката од Корнвел

Instagram

Покрај наклонетоста кон романите, Камила признава дека „Cazalet Chronicles“ од неверојатната Елизабет Џејн Хауард, е помеѓу нејзините фаворити.

„Да морам да отидам со една книга на пуст остров, тоа би било токму таа“, вели сопругата на принцот Чарлс.

На нејзините полици се наоѓа цела збирка од Филип Пулман, нејзиниот омилен роман од Чарлс Дикенс „A Tale of Two Cities“, но и „The Red Notebook“ од Антоан Лораин (ремек-делото на париското совршенство).

Принцот Чарлс

профимедиа

Заедно со сопругата, принцот од Велс ја дели страста спрема книгите, а и самиот тој е автор. Во книгата „Harmony: A New Way of Looking at Our World“, тој пишува за влијанието на климатските промени и околината. Додека ги обожава книгите за градинарство и општеството, принцот Чарлс има огромна љубов и кон поезијата.

Исто така, тој обожава на своите внуци да им го чита „Harry Potter“. Камила во документарецот снимен по повод 70-от роденден на својот сопруг откри: „Ќе застане на раце и колена и со саати ќе ползи, правејќи смешни звуци и смеејќи се, а нашите внуци тоа го обожаваат. Додека им го чита „Harry Potter“ и ги имитира гласовите на ликовите, децата навистина уживаат“.

Војвотката од Кембриџ

инстаграм

Кејт неодамна беше забележана како во „Kensington High Street“ од книжара излегува со огромен број на детски книги за принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Џејн Аустин и Чарлс Дикенс заземаат високо место на листата омилени автори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот