Омилениот Мистер Бин ќе ја игра најомразената историска личност во хит-серијата „Peaky Blinders“

принтскрин

Фановите на популарната серија „Peaky Blinders“ беа изненадени од веста за шестата сезона. Имено, светските медиуми објавија дека постои можност славниот Роуан Аткинсон, легендарниот Мистер Бин, да го игра ликот на Адолф Хитлер во новата сезона.

Иако никој од креаторите на серијата не сакаше да ја потврди оваа информација, гласините доаѓаат од сите страни.

Да потсетиме, петтата сезона опширно се занимаваше со темата фашизам, преку ликот на Освалд Мозли, кој го играше Сем Клафин. Со оглед на тоа што дејството во овој момент се случува во самата зора на Втората светска војна, појавата на Хитлер нема да биде толку изненадувачка.

Но, дали човекот кој е врзан за смеа и пародија во главите на милиони ќе може да игра толку омразена историска личност? Многумина мислат дека ќе го сторат тоа, и дека згора на тоа, е одлична можност Аткинсон уште еднаш да ги покаже и докаже своите богати актерски способности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот