Омилениот десерт на Кејт Мидлтон (РЕЦЕПТ)

Instagram

Војвотката од Кембриџ моментално е во сенка на другата снаа на Велика Британија, Меган Маркл, но тоа не значи дека нејзе сме ја заборавиле.

Кејт Мидлтон и понатаму е посебно интересна за јавноста која сака да знае сè за нејзе. И додека до сега имавме прилика да дознаеме повеќе што војвотката сака да облекува, која и омилена убава рутина, па и хоби, време е да дознаеме што сопругата на принцот Хари прави (или нарачува на готвачите) за своите малечки.

Денес ги донесуваме омилените слатки на Кејт Мидлтон чиј фан е и кралицата Елизабета II.
Рецептот за кралскиот десерт- пудинг од чоколадо, го поделил со сите поранешни готвачи на кралското семејство Дарен Мег Грејди. Многу е лесен за подготовка и ќе биде одличен десерт во ладните зимски денови.

Profimedia

Еве што ви е потребно:
Состојки за шест чинии

За пудинг
170гр. урми, исецкани на осум дела.
1 лажица сода
240 мл. врела вода
60гр. путер
170 гр. шеќер
225гр. темно чоколадо
1 јајце
230гр. брашно
1 лажица ванила
1 лажица прашок за печење
За фил
312гр.жолт шеќер
200гр. путер
125гр. темно чоколадо
9 лажици слатка павлака

Подготовка:

Соединете ги сите состојки за фил и ставете ги да зовријат на силен оган и мешајте ги 4 минути.
Поделете го филот на два дела, еден (околу 350мл.) оставете за пудинг, другиот за декорација. Урмите ставете ги во врела вода со додавање на содата. Мешајте додека содата не се растопи и оставете да излади.

Путерот и шеќерот убаво изматете ги, додадете јајце и ванила и продолжите да матите. Додадете брашно и прашок за печење, а потоа урмите и чоколадото. Сето тоа мешајте го додека не стане соединета смеса. Смесата ставете ја врз изладениот пудинг.

Покријте се со фолија и ставете го колачот во рерната и печете измеѓу 30-40 минути. Кога пудингот е готов загрејте го преостанатиот фил. Ставете пудинг во чинија и прелијте го со филот. Послужете со шлаг или сладолед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот