Омилената турска двојка не ја крие среќата: Шехерезад го откри полот на своето трето дете

Instagram

Само една година по пристигнувањето на нивниот втор син, еден од најпопуларните парови во Турција и регионот, 51-годишниот Халит Ергенч и неговата 12-годишна помлада сопруга Бергузар Корел, го очекуваат своето трето дете.

Актерката ја соопшти веста за својата бременост среде снимање на нов проект, првата серија во која учествуваше по тригодишна пауза, а сега е познат и полот на бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Прво, актерката која на јавноста ѝ е попозната како Шехерзад, на својот инстаграм-профил објави дека го чека своето трето дете со нејзиниот сопруг Халит Ергенч, најпознат по улогата на Сулејман Величествениот. Тие веќе ги имаат синовите Али и Хан, а сега е објавено дека очекуваат девојче.

Сакав да ја споделам мојата среќа со вас“, напиша славната Шехерезад во една од своите објави, како и дека „Бог знае колку го сакав тоа“.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Бергузар за турските медиуми пред неколку дена откри како се чувствува во својата трета бременост.

Бременоста е застрашувачка и прекрасна. Постојат некои работи кои се полесни отколку во претходните бремености затоа што знаете што ве чека, но во други е многу потешко. На пример, веќе добив 16 килограми, додека во мојата прва бременост во овој период имав качено девет или десет килограми. Но, тоа се слатки грижи“, рече таа.

Се шушкаше дека нивниот брак виси на конец, а тие никогаш не биле посреќни: Семејната идила во домот на Сулејман и Шехерезад

„Шехерезад“ бремена во четвртата деценија: „Величествениот“ ќе стане татко по трет пат

Видео на денот