Омилената мисица на Лукашенко освои место во белорускиот парламент

Фото: Профимедиа

Марија Василевич (22), која често се поврзува со лидерот на Белорусија Александер Лукашенко, по изборите стана најмладата пратеничка во парламентот на оваа земја.

Таа често се појавува во јавноста со Лукашенко (65), а избрана е и за Мис Белорусија за 2018 година.

Фото: Инстаграм/by_vasilevich

За потсетување, Лукашенко кој медиумите го нарекоа „последниот европски диктатор“ на власт во поранешната советска република е уште од 1994 година.

Василевич посетуваше хокеарски натпревари, фестивали, како и Светското фудбалско првенство во друштво на Лукашенко. Исто така, тие танцуваа на новогодишниот бал во Минск, кој во живо беше пренесуван на телевизија.

Фото: Инстаграм/by_vasilevich

Резултатите од изборите во Белорусија се објавени во понеделникот, а ниту еден опозициски кандидат не освои ниту едно место во парламентот.

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ЛУКАШЕНКО: Белоруската опозиција нема ниту едно место во Парламентот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот