Омикрон не се шири низ Куба: Вакцинацијата, посебно на децата една од причините

Вакцинацијата, посебно кај децата спречи ширење на омикрон варијантата/Фото: EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Широко распространетата вакцинација против ковид-19 на Куба и како и раното воведување на имунизација кај децата се покажаа клучни во сузбивањето на многу заразната варијанта омикрон пред воопшто да се прошири на островот, порачаа локални и меѓународни експерти.

Омикрон пристигна на Куба во декември, но многу помалку случаи се забележани отколку во други земји, а инфекциите од тогаш паднаа на повеќе од 80 отсто, покажуваат податоците, пренесува Ројтерс.

Бразилскиот виролог Амилкар Перез Риверол рече дека иако бројот на случаи варира многу од земја до земја во зависност од стапката на тестирање, варијантата омикрон се чини дека има потешкотии да остане во Куба или да предизвикува зголемување на смртните случаи или тешки форми на болеста.

Особено малите деца станаа ранливи на ширење на омикрон во многу земји, бидејќи некои вакцини, вклучувајќи ги и оние произведени од Фајзер, Модерна, Џонсон и Џонсон, допрва треба да бидат одобрени од здравствените регулатори за лица под 5 години.

Кубанската вакцина, Абдала / Фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Куба разви сопствени вакцини против ковид и стана првата земја во светот која започна масовна вакцинација на двегодишни деца.

Здравствените работници на карипскиот остров оттогаш целосно вакцинирале 1,8 милиони деца на возраст меѓу две и 18 години, или повеќе од 96 отсто од вкупниот број, без пријавени сериозни несакани ефекти, според официјалните кубански здравствени власти.

Едуардо Мартинез, претседател на државната фармацевтска компанија БиоКубаФарма, рече дека таквата кампања ја издвојува Куба во борбата против омикрон.

„На друго место во светот, вирусот циркулира повеќе кај педијатриската популација, но тоа не се случува во Куба“, рече Мартинез.

Локалните и странските експерти велат дека акцентот на имунизацијата на децата, широкиот опсег на кампањата за вакцинација во земјата и широко распространетиот „хибриден имунитет“ кој доаѓа од комбинација на претходни инфекции за време на претходните бранови на вакцинација, исто така, помогнале да се спречи ширењето на омикрон во Куба.

Куба разви ефикасни вакцини против ковид-19 во три дози/Фото: EPA-EFE/Yander Zamora

Куба целосно вакцинираше 87 отсто од вкупното население, а речиси 94 отсто примиле најмалку една доза, што ја рангира меѓу првите три земји во светот меѓу оние со најмалку еден милион жители, како што е потврдено од официјалните податоци на страницата „Нашиот свет во бројки““.

Кубанските научници пред масовното ширење на омикрон рекоа дека нивните вакцини против ковид -19 Абдала, Соберана 02 и Соберана Плус, кои се протеински типови, обезбедуваат повеќе од 90 отсто заштита од симптоматска болест кога се даваат во три дози, според Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот