Омикрон на пластика и на човечка кожа опстанува подолго отколку другите соеви

Омикрон / Фото: Профимедиа

Варијантата омикрон успева да опстане подолго на човечка кожа и на пластични површини во споредба со претходните верзии на коронавирусот, откриле јапонските научници.

Токму оваа екстремно висока „стабилност во околината“, односно високата инфективност и екстремната издржливост му овозможиле на омикрон да ја замени делта како доминантна варијанта и да се прошири со таква брзина, заклучиле јапонските научници. На пластичните површини, просечното време на преживување на оригиналниот сој на коронавирус бил 56 часа, на алфа варијантата 191,3 часа, бета варијантата 156,6 часа, гама 59,3 часа и делта 114 часа.

Јапонските истражувачи откриле дека омикронот останува на пластични површини околу 193,5 часа, а резултатите допрва треба да поминат рецензија, се вели на веб-страницата bioRxiv.

На примероците од човечка кожа, просечното време на преживување на коронавирусот било 8,6 часа за оригиналниот вид, 19,6 часа за алфа сојот, 19,1 часа за бета, 11 часа за гама варијантата, 16,8 часа за делта и – 21,1 часа за омикрон. Сите варијанти на коронавирус биле целосно деактивирани од човечката кожа по 15 секунди изложеност на средства за дезинфекција за раце на база на алкохол.

„Затоа“, заклучуваат јапонските научници, „се уште се препорачува како дел од актуелната контрола на инфекциите, да се продолжи со досегашната практика на хигиена на рацете со средства за дезинфекција на база на алкохол и сапун, во согласност со упатствата на Светската здравствена организација. “

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот